Одобрен и финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Проектот Младите почнуваат претприемачки предизвици се реализира во партнерство помеѓу:
|
IFTE - (Initiative Fur Teaching Entrepreneurship) - Vienna |
Структура на проектот
|
Цели
Општа цел на EntreCHALLENGER проектот е придонес кон подобрување на вработливоста на младите лица во Република Северна Македонија во согласност со насоките и принципите на претприемачко образование и практична обука, применети во земјите членки на ЕУ.
Сепцифична цел на EntreCHALLENGER проектот е подобрување на институционалните и професионалните капацитети на ВЕЗ трејд преку имплементација на YoutStart entrepreneurial challenge model заснован на платформата EntreComp на Европската Комисија за стекнување претприемачки компетенции.
|
|
Активности
EntreCHALLENGER проектот ќе се реализира преку следниве Групи Активности (ГА):
ГА1. Организирање обука и евалуација на ученици:
ГА2. Организирање обука за тренери од ВЕЗ во партнерската институција IFTE
ГА3. Изработување наставни програми и материјали
|
|
Очекувани резултати
Во рамките на EntreCHALLENGER проектот се очекува да се постигнат следните резултати:
Р1. Обучени ученици за подобрување на нивните претприемачки вештини и компетенции според концептот на YouthStart Entrepreneurial challenges за зголемување на нивната вработливост.
Р2. Обучени тренери од ВЕЗ да ја применуваат YouthStart Entrepreneurial challenges методологијата.
Р3. Развиена автентична програма за обука базирана на EntreComp платформата во согласност со потребите на претприемачкото образование и спецификите на пазарот на трудот во Р.С.Македонија.
Р4. Изработен евалуациски формулар за следење на напредокот на практикантите при стекнување претприемачки вештини и компетенции според концептот на YouthStart Entrepreneurial challenges и платформата EntreComp при изведување практична работа во реални претпријата.
|
|
Влијание врз заедницата
EntreCHALLENGER проектот е концепиран да создаде основа за соработка која влијае на инклузивност на младите од социјално загрозените подрачја (региони со помалку можности, населени места со пониско ниво на социоекономски развој, рурални средини, урбани населби со помалку можности итн.), врз основа на ЕУ стандарди.
Главниот приоритет е да се преземе иницијатива за зголемување на социјалната и економската вклученост на младите од социјално загрозените подрачја со цел подобар пристап до пазарот на трудот.
Проектот се залага за зачувување на човечкиот капитал во земјата преку намалување на емиграцијата на младите.
|