„Вредност на Европското Знаење“ - ВЕЗ е претпријатие основано 2001 г., кое работи на полето на општото и стручното образование и обука на млади луѓе и возрасни со примена на најновите методи, техники и електронски едукативни технологии. Во таа насока ние постојано ја прошируваме палетата на услуги понудени во областа на образованието, професионалниот развој и управувањето со едукативните процеси.
Членовите на тимот едукатори кои работат во ВЕЗ веруваат дека учењето е процес кој е составен дел од успешната кариера на секоја професионална личност. Поради тоа, нудиме целосна палета едукативни услуги, што ќе им помагне на организациите да ги развиваат компетенциите на своите вработени. Ова вклучува, помош во врска со изработка на анализа за потребите од соодвтна обука, креирање програми за обука, планирање и управување со обуката и проценка на конечните резултати на ефикасноста на спроведената обука.