Завршна конференција на MEDIADIGI проектот на Erasmus програмата 21.02.2020 Скопје

На завршната конференција беа презентирани постигнувањата на проектот во присуство на претставници од партнерските организации ВЕЗ од Скопје, CEICSEM од Софија, Бугарија, Adolfo Shapokos од Утена, Литванија, како и претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - АВМУ ученици,наставници и др. Учесниците имаа прилика да се запознаат со едукативните материјали изработени од вклучените ученици во проектот и интелектуалните аутпути изработени од експертските тимови од партнерските органиизации.На конференцијата стана збор за значењето на медиумската писменост на младите во модерното општество исто така преставниците на институциите се заложија да ја продолжат соработката на полето на медиумската писменост во идни проекти.