Зоран Златковски, претставник на ВЕЗ Трејд, присуствуваше на Панел дискусијата под наслов “Етика во користењето на вештачката интелигенција”, која се одржа на 28 октомври 2024 година, во рамките на конференцијата за “Медиумска писменост - 2024”. Конференцијата се одржа во “Музејот на македонската борба”, а настанот беше организиран како дел од напорите за подигнување на свеста за важноста на медиумската писменост и етиката во дигиталната ера. ВЕЗ Трејд, како членка на Мрежата на медиумска писменост, активно учествува во иницијативи за развој на компетенции за критичко размислување и одговорно користење на новите технологиите, како што е вештачката интелигенција.
Панел дискусијата беше посветена на предизвиците и етичките дилеми што се појавуваат со брзиот развој на вештачката интелигенција (AI). Златковски, со своето искуство во области како дигитализација, образование и иновации, активно учествуваше во дискусијата за тоа како компаниите и образовните институции можат да развијат стратегии за етичко користење на AI.
На панелот, присуствуваа реномирани стручњаци во оваа област, вклучувајќи ги д-р. Марија Гошева - Крстевски, експертка за компјутерска безбедност и проф. д-р. Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика. Дискутантите ги анализираа потенцијалите и ризиците поврзани со AI, нагласувајќи ја потребата од етички рамки за управување со овие технологии, како и одговорноста на јавните и приватните институции да се осигурат дека AI се користи во интерес на заедницата, а не за штета на индивидуалните права.
Како членка на Мрежата на медиумска писменост, ВЕЗ Трејд продолжува да работи на поддршка на образованието и развојот на вештини за безбедно и одговорно користење на дигиталните технологии, како и за зголемување на јавната свест за важноста на етички пристапи кон вештачката интелигенција и други иновации.