Од 5 до 7 март 2025 година, Виена беше домаќин на семинар-работилница со наслов „Младите преземаат претприемачки предизвици – претприемништво во ерата на вештачка интелигенција“, организирана од Европската мрежа за претприемништво. Настанот собра претставници од десет европски земји, вклучително и учесници од ВЕЗ Трејд – Северна Македонија, со цел унапредување на младинското претприемништво во дигиталната ера.
Учесниците од Албанија, Ирска, Холандија, Швајцарија, Словенија, Германија, Македонија, Луксембург, Шпанија и Австрија разменија искуства и идеи за тоа како вештачката интелигенција ги преобликува претприемачките процеси. Фокусот беше ставен на развивање иновативни програми кои ги поттикнуваат младите да размислуваат креативно, критички и претприемачки.
Семинарот означи важен чекор кон градење силна и поврзана европска мрежа која ги поддржува младите иноватори и идни лидери.