Работна сесија на OECD - YEPA ACADEMY

Работна сесија на OECD - YEPA ACADEMY, на која претставниците на ВЕЗ Трејд активно учествуваа, беше посветена на анализата на претприемачкото образование во европски рамки и изнаоѓањето на нови пристапи за негово унапредување. Сесијата се одржа на 13.11.2024 година во Стопанската комора на Австрија, под покровителство на Министерството за економија на Австрија.
 
YEPA ACADEMY (Youth Entrepreneurship Policy Academy) е иницијатива основана со цел поддршка на младите претприемачи преку програми и обуки кои овозможуваат стекнување на практични вештини, креативност и иновации. Академијата служи како платформа за размена на знаења, промовирање добри практики и градење мрежа на партнери од различни сектори.
 
На овој настан беа презентирани:
Модели за интеграција на претприемничкото образование во училиштата и универзитетите, со посебен акцент на реални студии на случаи.
Искуства од различни европски земји, претставени од реномирани експерти и претставници од академската заедница.
Програмите и алатките на YEPA ACADEMY, кои вклучуваат интерактивни модули за обука, дигитални платформи за учење и поддршка за наставниците.
 
Претставниците на ВЕЗ Трејд придонесоа со свои анализи и сугестии за тоа како претприемачкото образование може да стане дел од националните наставни програми.
 
Настанот ја потврди клучната улога на YEPA ACADEMY како центар за знаење и поддршка на младите претприемачи, а учеството на ВЕЗ Трејд ја истакна нивната посветеност кон промоција на претприемничкото образование како алатка за економски и општествен напредок.

Галерија