Зоран Златковски, претставник на ВЕЗ Трејд, присуствуваше на Валоризациската конференција

Зоран Златковски, претставник на ВЕЗ Трејд, присуствуваше на Валоризациската конференција за 2024 година организирана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која се одржа во х. Александар Палас во Скопје.

На конференцијата беа презентирани најуспешните проекти и најдобрите практики од програмата Еразмус+, опфаќајќи ги сите клучни акции. Присутните имаа можност да се запознаат со резултатите и импактот од проектите, кои служат како примери за успешна имплементација на европските образовни иницијативи.

Настанот изобилуваше со креативност и иновативност, што создаде инспиративна атмосфера и го поттикна дијалогот за понатамошно унапредување на образовниот систем. Акцент беше ставен на значењето на соработката меѓу различните засегнати страни, како и на улогата на програмата Еразмус+ во поддршката на мобилноста, иновациите и интернационализацијата на образованието.

Учеството на ВЕЗ Трејд на оваа конференција дополнително ја зајакна нивната заложба за промоција на претприемачкото образование и спроведување на квалитетни образовни проекти со кои се поттикнуваат младите да постигнуваат позначајни резултати.

Галерија