Тренинг Центарот „Вредност на Европско Знаење“ - ВЕЗ ја реализираше мобилноста во проектот „Валидација на Младинска Претприемачка Работа“ од програмата Еразмус+, КА102, финансиран од Националната Агенција за европски образовни програми во рамките на неделата на претприемништвото 22-26.10.2018 во Виена, Австрија.
Во текот на петтдневниот престој беа одржани серија тематски работилници и семинари во насока на изнаоѓање инструменти и механизми за препознавање вештини и способности на младинска претприемачка работа, кои ќе можат да се вреднуваат во формалното и неформалното образование.
Проектот беше вклучен и презентиран на „Самитот на Претприемништвото - Виена 2018“, како прв од вкупно 32 настани под работен назив „Како кон 2030“.
На самитот на претприемништвото учествуваа бројни преставници од државни образовни институции и училишта на Австрија, што беше одлична прилика да се разменат искустава и остварат контакти за идни соработки.
Учесниците на мобилноста го посетија Министерството за образование на Австрија и остварија средба со Министерот Хајнц Фесман на која го информираа за содржината и структурата на проектот и неговите потенцијали за развојот младинската претприемачка работа.