Oдобрен и финансиран од „Националната Агенција за Образовни Програми и Мобилност“

Проектот „Валидација на Претприемачка Младинска Работа “ (eng. „Validation of Entrepreneurial Youth Work“ - VEYoW), од програмата Еразмус+, од Клучна Акција 1 (КА102) - Мобилност на индивидуи во ВЕТ е одобрен и финансиран од „Националната Агенција за Образовни Програми и Мобилност“, со референтен број 2018-1-МК01-КА102-046805

Проектот се реализира во партнерство со:

IFTE - (Initiative Fur Teaching Entrepreneurship) - Vienna, Austria
Вредност на Европското Знаење - ВЕЗ од Скопје, Македонија

Проектот „VEYoW" се реализира преку содржината на следните програми за обука и методологија:

Континуирана програма за обука за „Младинска претприемачка работа надвор од формалното образование"
Во рамките на оваа програма за обука учесниците ќе се запознаат со надворешните аспекти на организирање на претприемничкото образование за младите / студентите надвор од формалното образование. Исто така, ќе бидат презентирани искуствата од другите земји на ЕУ, за начините и насоките за акција за мерливоста на младинската работа.
Програма за континуирана обука за „Младински почетни претприемачки предизвици"
Во рамките на оваа програма за обука учесниците ќе се запознаат со содржината и структурата на моделот Youth Start за спроведување на претприемничкото образование во партнерските училишта, како модел за младинско претприемачко работење, надвор од формалното образование.
Претприемничка работа на млади /студенти и нивна валидација
Во рамките на овие активности учесниците ќе бидат поканети од училиштата во Виена да го презентираат своето искуство за спроведување на претприемачката младинска работа надвор од формалното образование.