Oдобрен и финансиран од „Националната Агенција за Образовни Програми и Мобилност“

Проектот „Дизајн на Претприемачко Размислување“ – (Cretator) (eng. Design of Entrepreneurial Thinking) од програмата Еразмус од Клучна Акција 1 (КА102) - Мобилност на индивидуи во ВЕТ е одобрен и финансиран од „Националната Агенција за Образовни Програми и Мобилност“, со референтен број 2019-1-MK01-KA102-060153.

Проектот се реализира во партнерство со:

IFTE - (Initiative Fur Teaching Entrepreneurship) - Vienna, Austria
Вредност на Европското Знаење - ВЕЗ од Скопје, Македонија
ШТО Е ДИЗАЈН НА ПРЕТПРИЕМАЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ?
Дизајн на Претприемачко Размислување е персонализиран метод кој ги идентификува поединечните потреби и интереси на учениците, истовремено ангажирајќи ја пошироката заедница да понуди нови решенија со кои наставата ќе ја направи поефективна.
Ова е прв јавен модел и пионерски чекор на формален начин да се вгради Дизајнот на
Претприемачкото Размислување, како иновативен пристап во претприемачкото образование на наставници и ученици со помалку можности во Македонија.
Методологијата Дизајн на Претприемачко Размислување се состои од 5 чекори: Истражување, Интерпретација, Идејност, Експериментирање и Еволуција.
Софтверот на Дизајн на Претприемачко Размислување методологијата ги поттикнува
вештините и овластувањата на учениците да креираат нови идеи.
Со овој проект учениците кои ќе бидат опфатени со обуката ќе имаат прилика да се вклучат во меѓународна соработка за стекнување компетенции за Дизајн на
Претприемачко Размислување, што ќе ги применат во секојдневниот живот.

Целта на проектот:

Генерална цел

Зајакнување на институционалните капацитети на ВЕЗ и подобрување на компетенциите за
претприемништво на младите со помалку можности во насока на нивна поефикасна економско-
социјална инклузија во општеството и пазарот на трудот.

Цели

1 - Подобрување на структурата на работењето на ВЕЗ преку воспоставување платформа
за примена на методологијата за „Дизајн на Претприемачко Размислување“ - ДПР.

2 - Стекнување образовни компетенции за наставен кадар за претприемништво преку
развивање и дефинирање модели за мобилност на наставници во европска рамка.

3 - Подобрување на очекуваните резултати за претприемничкото образование преку
дефинирање на еквивалентност со претходната квалификација на слушателот и
воспоставување на корисен модел на школување.

4 - Креирање концепт на обуки за развивање на претприемничко образование за ранливи
категории млади, како што се невработени млади кои се надвор од образованието и обуката
(eng. NEET) и ученици со помалку можности.

5 - Јакнење на соработката во областа на претприемачкото образование на младите помеѓу
образовните институции и бизниси.

Пријава